Вучиќ за Македонија коспонзор на резолуцијата за Сребреница: Веројатно, тоа е благодарност за она што го направивме за Скопје

Српскиот претседател Александар Вучиќ во обраќањето до јавноста ја поткачи и Македонија за најавеното коспонзорство на резолуцијата на Обединетите нации за Сребреница.



„Тоа е германска идеја, поддржана од НАТО и од сите останати. Ја најдоа и Руанда, ги најдоа и Нов Зеланд и Чиле. Тие исто така најдоа неколку земји кои отсекогаш биле спонзори на такви проекти, како што се Малезија и Јордан. Им се придодава и Северна Македонија, така што нема тука голема филозофија. Им благодарам за тоа. Веројатно, тоа е благодарност за она што го направивме за Скопје. Ја видов и Австрија тука, ништо чудно со оглед на сето она што го прави Шаленберг против нашата земја“, прокоментира Вучиќ.