Османи сонил дека е веќе избран како „албански претседател на Р*М“ и порачува: Нема граници за нашите соништа!

„Нема повеќе граници за нашите соништа! Албански претседател, тоа е инспирација за децата од сите етнички заедници!“ – изјави Бујар Османи, кандидатот за прв „европско-албански претседател на Р*М“, на митингот на така наречениот Европски фронт синоќа во Куманово.



ТВ 21 пишува: Бујар Османи рече дека мора да бидат скршени сите пречки, кои се поставени, како што рече тој, не само оние физичките, туку и пречките, што се создадени во нашите глави. Османи додаде дека кршењето на овие пречки не се прави само со лидерите на Европскиот фронт и побара од граѓаните ова да го направат заедно. Тој додаде дека изборот на албанскиот претседател ќе биде инспирација за децата од сите етнички заедници, без разлика од кои.

„Ве повикувам да го направиме 24 април историски ден. Изборот на првиот албански ретседател ќе биде најголема инспирација за секое ваше дете, од која и да е етничка заедница и да е. Бидејќи ќе нема повеќе граници за нашите соништа, оти ако можев да станам јас претседател на Републиката, тогаш секој ќе може да сонува за сенешто и да го оствари тоа.“ – рече Бујар Османи.