Граѓанскиот суд Скопје со решение за повторување на постапката за зградата на ССМ, велат од таму

По долго време натегање конечно се огласија, ама ништо не кажаа. Да се повтори постапката за Работничкиот дом е решението на основниот граѓански суд кој со претходна одлука од врховен треба да се одземе од синдикалците.



  • Совесните судијки Анета Бошковска и Елица Крстевска од Врховниот суд, кои имале издвоено мислење во постапката уште при носењето на пресудата на Врховниот суд, ја враќаат довербата во судството и се надеваме дека ваквиот пример ќе го следат тројцата судии кои ја донесоа пресудата на штета на работниците, рече Трендафилов.

Од ССМ пак со препорака да се следи примерот на колегите судии од основен и охрабрат тие во врховен, кои очекуваат да има приоритет постапката и да донесат нова пресуда до први мај, со што колку толку би се вратила довербата во судството, во спротивно ќе се води спор пред Судот во Стразбур, што би било срам за државата и политичките чинители велат од ССМ.

  • До 1 Мај очекуваме приоритет на постапката и нова пресуда која ќе значи враќање на предметот на повторно одлучување пред пониските судови, пред првостепениот и Апелациониот суд, или укинување на пресудата на Врховниот суд и на таков начин враќање на Работничкиот дом на работниците“, рече Трендафилов.

Врховниот суд својата пресуда ја донесе на почетокот од ноември за одземање на објектот од ССМ и да се предаде во државна сопственост по што синдикалците експресно побараа оставки од потписниците на пресудата испратија и предлог за нивно разрешување до Судскиот совет. Барање е доставено и до уставен бидејќи врховен не ја почитувал нивната одлука од 1992 во која било наведено дека државата нема право да одзема имот во сопственост на синдикатите.