Француските власти ја конфискуваа вилата „Сузан“, на Азурниот брег, поради нејасното потекло на парите со кои е купена.



Таа е на име на претприемачот Артур Очеретни – сегашен сопруг на поранешната сопруга на Владимир Путин, Људмила, пишува Challenges.

Вилата од 450 квадратни метри со парк од половина хектар базен, терен за голф, е проценета на 5,4 милиони евра.

По руската инвазија на Украина, семејството ја напуштило вилата.

Вилата била запленета во декември 2023 година по жалба на „Транспаренси интернешнал“, која инсистирала да се истражат средствата за нејзино купување.

Организацијата за следење на корупцијата и организираниот криминал (OCCRP) објави дека вилата била купена по разводот на Путин и Људмила во 2013 година.

Во 2022 година, тимот на Алексеј Навални објави истрага за животот и елитниот имот на поранешната сопруга на Путин.

Истрагата покажа дека Људмила и нејзиниот нов сопруг Артур добиваат милиони рубљи од градското собрание на Москва, Гаспромбанк и други компании и се сопственици на домови и вили во Франција, Швајцарија и Шпанија.

Очеретни се под британски санкции од мај 2022 година, но не и во ЕУ, вклучително и Франција.

За да ја конфискува вилата, француските власти се повикаа на закон од 2013 година кој бара од сопственикот на имотот да докаже дека имотот е стекнат со легитимни средства.

Доколку постои сомневање за перење пари, Очеретни треба да го направи ова.