Би ѝ дал рок на Европската Унија за прием на земјава до 2030 година, изјави денеска за Ради Лидер, кандидатот за шеф на државата од коалиција „Храбро за Македонија“ предводена од ГРОМ, Стевчо Јакимовски.
Тој вели дека доколку тоа не се случи, постојат и други алтернативи.
„Ние треба да им кажеме – подготвени сме да чекаме до 2030 година за влез во Европската Унија. Ако не влеземе до 2030 година, вие нема да бидете наш приоритет. Ние ќе тераме од тој пат нема и да се откажуваме, но мораме да си бараме пат за развој на државата“, рече Јакимовски во емисијата „Еспресо со Златев и Боцевски“.
„Зошто говориме за алтернативи?
Ние не велиме ‘ќе го напуштиме ова и ќе одиме во БРИКС; Ќе ги отвориме вратите за инвестирање во оваа држава“, вели претседателскиот кандидат.






