Незадоволни се од владината одлука, приватните специјализанти продолжија со штрајкот

Приватните специјализанти, незадоволни од вчерашната одлука од владината седница, денеска го продолжија штрајкот што го почнаа пред два дена. Тие велат дека се незадоволни од владината одлука оти ниту едно од нивните барање не е решено и само се употребени истите лажни ветувања кои ги имаат слушнато веќе неколкупати. Во текот на вчерашниот ден приватните специјализанти најавија дека понатамошните чекори што ќе ги преземат зависат од одлуката која се очекуваше да ја донесе владата на седница.



Синоќа, по завршувањето на владината седница, приватните специјализанти на Фејсбук објавија дека штрајкот ќе продолжи и денеска затоа што, како што велат, ниту едно од нивните барање не е решено и само се употребени истите лажни ветувања кои ги имаат слушнато веќе неколкупати.

Штрајкот на приватните специјализанти продолжи и покрај одлуката на владата од вчерашната седница веднаш по изборите да се подготват предлог законски решенија со кои ќе се предвидат севкупните права и одговорности на специјализантите по медицина кои со сопствени средства ја плаќаат специлизацијата. 

Владата, како што се додава, во активна соработка со специјализнатите, досега покажала огромна грижа за унапредувањето на нивниот статус и оти е одлучна да продолжи во оваа насока.  

Приватните специјализанти ги повторија нивните барања за покачување на надоместокот кој во моментов изнесува 26 илјади денари и бараат тој да биде на ниво на просечна плата на доктор во јавна здравствена установа. Исто така, бараат здравствено осигурување и решавање на нивниот статус кој во моментов, како што рекоа, е невработени лица без здравствено и пензиско осигурување со договор на дело.