Министерката за култура Бисера Костадиновска-Стојчевска најави кривична пријава за клевета против градоначалничката на Скопје, Данела Арсовска.



Причина е, според министерката  се инсинуациите и небулозите дека „знаела за пожарот, но не пријавила веднаш“, но и другите работи за кои беше обвинета од Арсовска и ѝ порача дека ќе се видат на суд, пренесува „Плусинфо“.

„Обвинувањата не заслужуваат внимание бидејќи се измислена приказна. Таа самата детално ќе објасни во тврдењата за мене. Изгледа добро и оди со судски тужби. Ако сака да биде обвинител и истражител, нека повели.

За клеветите ќе се видиме на суд. Не само што покажа негрижа за градот и немање слух, туку покажа и дека единствениот начин со неа е само преку суд – рече Костадиновска-Стојчевска, додавајќи дека градоначалничката нема да успее да ја спречи реконструкцијата со вчерашната прес-конференција.

Министерката во моментов не може да каже зошто се запали салата. Најави дека сè уште трае истрагата и МВР ќе излезе наскоро со детали, пишува Плусинфо.