Пред 4 години Владата предводена од СДСМ успеа да постигне договор со нашиот јужен сосед и да ја внесат државата во НАТО, што е предуслов за било каков економски развој“ изваи пред граѓаните на Велес претседателот и кандидат за уште еден мандат, Стево Пендаровски на синоќешниот митинг .
„Триесет години никој немаше храброст, никој немаше доволно знаење и посветеност да го реши тој проблем за кој најголемите светски дипломати мислеа дека е нерешлив. Оваа политичка структура во која сум и јас го реши и ја прецесуираше Македонија во најголемата алијанса.
Со тоа Македонија со 1,8 милиони луѓе е заедно со најголемите и најразвиените светски велесили, нагласи Пендаровски.
На неговата противкандидатка од ВМРО-ДПМНЕ Гордана Силјановска тој ѝ порача дека без Преспанскиот договор немаше да има членство во НАТО.





