Нејасно е зошто министерката за култура ако дознала за пожарот пред 9 часот, истиот не го пријавила и зошто ако работниците и инженерката на фирмата се обидувале да го гаснат пожарот и откако не го локализирале, не пријавиле и не побарале помош од Противпожарната бригада на Град Скопје, каде многу подоцна е пријавен пожарот од страна на случаен минувач“
Овие прашања ги постави градоначалничката на Скпје Денела Арсовска, според која за пожарот не бил известен ни Град Скопје.
Министерката Бисера Костадиновска-Стојчевска вели дека за пожарот дознала околу 9 часот. Командирот на скопската противпожарна бригада Звонко Томески, пак, уште тогаш изјави дека пожарот бил пријавен во 9:50 часот.
Арсовска побара одговор и на прашањето, на што сопственикот на фирмата која ја реконструира Универзалната сала ја темели констатацијата дека пожарот најверојатно настанал од стар кабел или стара инсталација.
Град Скопје, како сопственик на Универзалната сала, не добил никакво известување ниту информација за отпочнување на градежните активности во објектоt.
„Врз основа на кој проект е продолжено да се реконструира Универзална сала?
Врз основа на кое мислење за стабилност и сеизмичка заштита се реконструира Универзална сала?
Кој е управител на градба на објектот на Универзална сала во моментот на опожарување и врз основа на кој документ и на кој проект?
Кој е надзор на градба во моментот на опожарување и врз основа на кој документ и на кој проект?“… беа дел од прашањата и дилемите што ги наметна Арсовска.





