Без никакви аргументи ДУИ ја обвинува ВМРО ДПМНЕ за „проруска политика за дестабилизирање на Р*М и против Албанците“!

„ДУИ е вознемирена поради отсуствувањето на ВМРО ДПМНЕ од гласањето за зачленување на Косово во Советот на Европа. ВМРО-ДПМНЕ, освен што планира да ја изолира * Македонија од Европската Унија, истото го сака и со соседните земји. По замрзнатите односи со соседна Бугарија, ВМРО ДПМНЕ и Мицкоски сакаат да ја вратат државата во состојбата од пред 2008 година.“ – со ова соопштение, кое го пренесе информативниот портал на албански јазик „Алмакос“, се огласи ДУИ. Во соопштението партијата на Али Ахмети без никакви аргументи ја обвинува ВМРО ДПМНЕ дека како партија „промовира проруска политика, која посакува дестабилизација на * Македонија и на регионот во целина, но и оти планира изолирање на Македонија од ЕУ и Бугарија и другите соседни земји во Западниот Балкан“!



Демократската унија за интеграција тврди: „Конкретно, денеска пратеникот и потпретседател на ВМРО ДПМНЕ Александер Николовски, ниту неговиот заменик Владо Мисајловски, не отпатуваа во Стразбур на состанокот на Парламентарното собрание на Европскиот совет, каде што е треба да се гласа за препораката за Косово да се зачлени во Советот на Европа.“

„Демократската унија за интеграција изразува длабока вознемиреност поради политиката на поделби и изолација на ВМРО ДПМНЕ и Мицкоски, кои отворено ја прокламираат руската и српската политика во однос на Косово и Албанците во целина. ДУИ ја повикува албанската опозиција да ги поддржи политиките и ставовите на нашите меѓународни партнери, а не да ги промовира проруските политики, кои сакаат дестабилизација на * Македонија и на регионот во целина.“ – се наведува во ова соопштение на партијата на Али Ахмети.