„Дали имало одред на Роми во 113-тата бригада на УЧК во Македонија, како што кажа Садула Дураку во емисијата ‘Клик Плус’? Ријад Шаќири, кој бил борец на УЧК од оваа област, а сега е кандидат за пратеник од албанската опозициска коалиција ‘Вреди’ во втората изборна единица, нагласува: ‘Дураку така вели, за да здобие ниски политички поени!“ За ова пишува ТВ 21.
ТВ 21 ја пренесува изјавата на Ријад Шаќири, дадена во овој контекст: „Да кажеш дека имало Роми под амблемот на УЧК е навреда кон албанската кауза и идеал, кон жртвите на ова население и кон борците, ветераните и инвалидите на УЧК,но и мачениците на народот од УЧК. Јас можам да земам право да зборувам за подрачјето на Липково, за 113-тата бригада на УЧК, каде што дејствуваше и Садула Дураку, кој беше дел на таа бригада, па и како член на Генералштабот на УЧК на предлог на мојот татко Хисни Шаќири.“





