Претседателот на Србија, Александар Вучиќ, изјави дека очекува за три до четири месеци да се дојде до најлошата ситуација во светот од Втората светска војна, пренесува РТС.
„Добро е се додека тоа се случува на друго место, така мислат тие. Долгорочно не гледам решение бидејќи работите се менуваат, некои се спротивставуваат на тие промени“, изјави Вучиќ за РТС.
„Но, што можете да направите, тоа лицемерие и играта на меѓународната политика, посилниот е во право, и толку. Тоа е основниот принцип на меѓународната политика, па да ги оставиме сите нивни разговори за меѓународното право. Ние малите имаме да се држиме до меѓународните права затоа што тоа е единственото нешто на што можеме да се држиме, а овие големите ќе се борат и ќе се борат и ќе станува сè полошо и полошо“, заклучи Вучиќ.





