Шаќири: „Не“ за влада без уставни промени – Постои договор да не се коалицира по изборите со партијa, која не го прифаќа тоа

„Не треба да има влада без уставните промени. Постои договор да не се коалицира по изборите со партијa, која не ги прифаќа уставните измени. Oва мора да го почитува кој и да победи на изборите.“изјави Ријад Шаќири, кандидатот за пратеник од албанската опозициска коалиција „Вреди“ во втората изборна единица. Тој вели дека овој договор има таков отсечен став и оти за тоа се изјаснил и лидерот на ДУИ Али Ахмети. Ријад Шаќири го изнесе овој став во емисијата „Дејли Клик“ на ТВ 21. Инаку, Ријад Шаќири е син на Хисни Шаќири од селото Отља, во Липковско-Кумановскиот крај, поранешен пратеник, поранешен член на раководството на ДУИ и припадник на УЧК од 2001 година.



„Знам дека сме разговарале за тој договор и со претседателот. Тоа е веќе договор, што постои, има отсечен став што се однесува до учесниците во коалицијата ‘Вреди’, но такво нешто има изјавено и Али Ахмети.  Да видиме кој од учесниците на изборите ќе го прекрши основниот принцип дека без промена на уставот нема да биде дел во ниедна влада.“ – нагласи Ријад Шаќири.

На прашањето колку некоалицирањето без уставни измени може да биде причина за доцнење на формирањето на владата Шаќири одговара дека тоа најмногу зависи од изборните резултати и од бројот на освоени пратеници. Според него, ако потребните бројки овозможуваат формирање на влада, тогаш тоа не треба да се одложува.

„Тоа целосно зависи од околностите, или исходот на изборите во македонскиот дел. Ако ги имаме потребните бројки за формирање на идната влада, не треба да се губи време. Мора да се зафатиме со работата и да го направиме најдобриот одбир на луѓе, кои ќе не претставуваат во одредени ресори. Доволно е да имате професионалци, кои ќе ги туркаат работите напред.““” – рече Ријад Шаќири, кандидат за пратеник од коалицијата „Вреди“ во втората изборна единица. На парламентарните избори тој очекува оваа коалиција да освои три до четири пратеници во таа изборна единица.