Накосовски државјанин му биле пронајдени над 1.500 штеки со цигари и други производи за кои немал документи, откако бил фатен и уапсен од македонската полиција.



„Ноќта меѓу сабота и недела, на местото викано „Рушени воденици“ полициски службеници од Полициска станица за граничен надзор Рогачево при Регионалниот центар за гранични работи Север, го лишиле од слобода Г.Л.(42) од Р.Косово. При извршен преглед кај пријавениот биле пронајдени и одземени 1.592 штеки со цигари и други производи за кои немал никакви документи“, информираа од МВР.

Известен јавен обвинител од ОЈО Тетово, а по негово документирање против Г.Л. ќе биде поднесена пријава поради основано сомнение за сторено кривично дело „криумчарење“ по член 278 од Кривичниот законик.