Пред нас е период кога повеќе ќе одмараме, отколку што работиме. Двата изборни циклуси, верските и државни празници ќе направат одличен пролетен одмор.
Соопштението со кое Владата ги прогласи за неработни деновите кога ќе се одржат претседателските и парламентарните избори се чини дека е единствено совршено разбирливо за државната и за јавната администрација.

Додека административците веќе планираат како да го искористат остатокот од денот откако ќе ја завршат својата граѓанска должност, а некои дури и го поврзаа со следниот викенд за да отпатуваат на одредена дестинација, во приватниот сектор не знаат дали тие денови ќе треба да се одработат и кој ќе ги плати неработните часови.
Почнувајќи од втората половина на овој месец, прв неработен ден е 24 април – кога се одржува првиот круг од изборите за претседател на државата. Вториот круг исто така е неработен, а тоа 8 мај.
Меѓународниот ден на трудот – 1 мај (среда) е исто така неработен, а неработен ден за сите граѓани е вториот ден на Велигден кој се празнува за 6 мај.
Православните верници ќе одмараат еден ден повеќе, 3 мај (петок) е неработен за припадниците на православната вероисповест.
Втората половина на мај носи уште еден неработен ден – празникот на светите просветители „Кирил и Методиј“ кој се празнува на 24 мај е причина за уште еден продолжен викенд.





