Бихаќка: ВМРО-ДПМНЕ и Силјановска немаат план, само со СДСМ и Пендаровски до членство во ЕУ

Владеачката партија на Димитар Ковачевски тврди дека ВМРО-ДПМНЕ и Гордана Силјановска Давкова немаат план и дека до членство во ЕУ може да се дојде само со СДСМ и Стево Пендаровски.



,,СДСМ и Коалицијата за европска иднина и претседателот Стево Пендаровски имаат јасна визија, знаење, храброст и конкретен план за обезбедување европска иднина на Македонија.

Граѓаните сакаат и заслужуваат да имаат уште поголеми плати и пензии, повеќе и подобри работни места, подобар животен стандард, подобро образование, подобро здравство, подобро владеење на правото, помалку корупција, сакаат да живеат во држава по европски стандарди.

ДПМНЕ и Силјановска немаат план за европска иднина, на граѓаните им нудат враќање назад во мрачното минато, во неизвесност, нови залудно загубени години, нејасна иднина.

Само со СДСМ и Пендаровски, Македонија може да биде членка на ЕУ.

Нема откажување од иднината! Македонија ќе има проевропски претседател, Стево Пендаровски и проевропска Влада формирана од СДСМ”, стои во соопштението од СДСМ.

Фото: СДСМ од настан во Пласница