Поранешниот претседател на САД, Доналд Трамп, на митинг во Пенсилванија истакна дека неговата земја стои зад Израел, пренесе Франс прес.



Иран минатата ноќ го нападна Израел со 185 дронови, 36 крстаречки ракети и 110 ракети земја-земја

Трамп рече дека Израел е нападнат затоа што САД „покажуваат голема слабост“. Ова немаше да се случи да бевме ние на власт“, ​​потенцира поранешниот шеф на државата.

„Ќе го вратиме мирот во светот со сила, и тоа ќе се случи многу брзо. Ќе ја вратам американската моќ во странство и ќе ја вратиме американската моќ дома“, нагласи тој.