Утре и задутре, на 15 и 16 април 2024 година техничкиот премиер Талат Џафери треба да учествува на меѓународна конференција во Приштина, Косово, организирана од „Меѓународниот форум на жените за мир и безбедност“.
Во врска со овој настан, ТВ Клан Македонија пишува: Посетата на Талат Џафери во Приштина доаѓа во време на жешките расправи за мешањето на премиерот на Коаово Албин Курти и тамошната партија Ветвендосје (Самоопределување) во двојните избори во Р*М. Оваа посета во Приштина не е на покана на премиерот Курти, туку на претседателката на Косово Вјоса Османи. Причината за неодржувањето средба Џафери-Курти, според аналитичарите, треба да се бара во позиционирањето на Владата на Косово на страната на албанскиот опозициски блок „Вреди“ во Р*М. Се дознава дека Владата на Косово понудила средбата Џафери-Курти да се одржи на почетокот на јуни годинава, ‘за да нема последици за изборниот процес’ во Р*М.“
Од друга страна, информативниот портал „Инбокс 7“ изнесува: „Џафери уште од средината на март испратил барање за посета на Косово, но од Курти добил одговор дека може да го прими дури на 12 јуни. Овој одговор бил протолкуван како циничен од причина што на тој датум се очекува да биде избран нов премиер, кој ќе произлезе од парламентарните избори на 8 мај. Причина за ваквиот однос кон Џафери се верува дека е директната подршка на Курти за опозициската коалиција на албанските партии ‘Вреди’ и неговите амбиции да ја победи ДУИ. Во последните денови Курти имаше неколку средби со лидерот на ВРЕДИ и претседателски кандидат, Арбен Таравари.“
Инаку, соопштено е дека заради изборите во Македонија премиерот на Косово Курти и лидерите на опозициската коалиција „Вреди“ ќе бидат заедно на собирите идната недела во Германија и Швајцарија. На изборната листа на кандидатите на „Вреди“ за пратеници има и тројца претставници на косовската партија Ветвендосје (Самоопределување), од кои едниот е Беким Ќоку, политичкиот советник за Македонија на Албин Курти.





