Кандидатот за претседател од СДСМ Стево Пендаровски и актулен шеф на државата Стево Пендаровски од денеска почна на социјалните мрежи да ја води својата кампања двојазично и на македонски и на албански јазик.
Своите пораки денеска на социјалната мрежа Х порано Твитер Пендаровски ги објавува прво на македонски јазик а потоа и на албански јазик.
,,Се залагав и работев сите етнички заедници да имаат еднакви можности. Ги почитував сите граѓани на Македонија и не ги делев по ниту една основа. И во вториот мандат ќе продолжам да градам мостови на соживот, разбирање и на почит! Македонија мора да остане земја во која живеат еднакви и рамноправни граѓани”, кој ги користи хаштазите #НашиотПретседател #Стево и #Број1







