Од вкупно тројца питалоти со кои располагала Дирекцијата за заштита и спасување (ДСЗ) за управување со авионите за гасење пожар, оваа година остана само еден.



Причината за тоа е што двајца пилоти во јануари ги исполниле условите за пензија, па на ранота останал само еден пилот.

Ова лето, справувањето со шумските пожари ќе биде сериозен предизвик, изјави директорот на ДЗС, Беким Максути за МИА.

Доколку Владата не го сфати сериозно овој проблем, директорот вели дека се доведува под прашање и постоењето на авио-одделението во Дирекцијата за заштита и спасување.

“Агенцијата за цивилно воздухопловство има свои критериуми што се врз основа на регулативите за пловидбеност на Европската асоцијација за цивилно воздухопловство (ЕАСА) и во таков случај ние ја губиме лиценцата за пловидбеност, а тоа значи дека нема да можеме да ги користиме и тие авиони што ги имаме“, истакнува Максути.