Новото лого на втората програма на



Радио-телевизија Црна Гора (РТЦГ) предизвика реакција кај Украина со објавување на новото лого кое наликувало на буквата „Z“ – симболот на руската агресија.

Украинската амбасада во Подгорица реагираше до менаџментот на црногорскиот јавен сервис од каде ги отфрлаат реакциите.

„Единствениот коментар е дека логото нема апсолутно никаква сличност (со буквата Z) и дека тоа многу јасно се гледа од книгата со стандарди“, изјави директорот на РТЦГ Борис Раониќ за Радио Слободна Европа (РСЕ) на прашањето како ја коментира реакцијата на украинската амбасада.

Амбасадорот на Украина во Црна Гора, Олех Херасименко, не сакаше да ја коментира комуникацијата со јавниот сервис,пребннесе РСЕ