Причините за тоа, Владата касно реагираше на кризата, односно не реагираше соодветно. Ја пушти инфлацијата да ескалира , па потоа замрнување на цените , па одмрзнување. Едноставно потфрлија, не сакаа да зголемат плати на јавна администрација, но она што е добро е што на крајот на годината се освестија. Од она што го гледаме од првите податоци за 2024 е дека работите помрднаа малку на позитивно, вели Бранимир Јовановиќ од Виенски институт за меѓународни економски студии, за ТВ Алфа.
Втората половина од годинава ќе биде економски полоша во однос на првата бидејќи тогаш ќе престане пакетот антикризни мерки, и новата власт ќе мора да „го затегне каишот“ за да штеди на сметка на потрошеното во предизборието. Проценките на Виенскиот институт се дека 2024 ќе ја завршиме со раст од 2.2 отсто, а се додека не се адресираат крупните суштински проблеми, наместо да се купува социјален мир не може да се постигне раст над 3 отсто.
Она што ќе биде интересно за оваа година е дека првата половина од годинава ќе биде добра и заради тоа што платите ќе бидат високи, и заради предизборните трошења, но откако ќе заврши пакетот на антикризни мерки, а тоа ќе биде во мај – јуни, откако ќе поминат изборите ќе следува отрезнување и втората половина ќе биде полоша, додава Јовановиќ.
Една од критиките на Светска банка е дефицит, а и според пресметките на Виенскиот институт тој е рекордно високо ниво. Владата троши за да ги добие изборите, а ваквото трошење ќе се плаќа во иднина со нови задолжувања .





