Уредникот во Телма Боби Христов објави дека актуелниот претседател и кандидат за иден шеф на државата од СДСМ Стево Пендаровски одбил да учествува на дебата со другите 6 кандидати.
Христов објави дека Пендаровски добива црвен картон за своето однесување.
,,🟥🟥🟥 – црвен картон Претседателскиот кандидат на СДСМ Стево Пендаровски, ја одби поканата за дебата на телевизија Телма”, објави Христов.
На реакциите на ботови на Пендаровски и СДСМ дека се работи за ,,Блам” на Телма Христов одговара дека срамот е кај кандидатот што јавно бара дебати а истите ги одбива.
,,За Телма или за тој што од митинзи повикува на дебати и тоа несоодветно со партиски лидери, а бега од соочување со противкандидатите 🤔🤔🤔”, ги прашува Христов тие што ја обвинуваат Телма за пропуст што Пендаровски одбил.
За Телма или за тој што од митинзи повикува на дебати и тоа несоодветно со партиски лидери, а бега од соочување со противкандидатите ? 🤔🤔🤔
— Bobi Hristov (@bobihrist) April 12, 2024






