Кандидатот на СДСМ за уште еден претседателски мандат, Стево Пендаровски, синоќа на митинг во Гевгелија изнесе предупредување што ќем се случи доколку земјата се откаже Договорот од Преспа,.



„Едноставно, ќе не избркаат од Организацијата. Ако таа госпоѓа (Силјановска Давкова) мисли дека можеме самостојно да си ја обезбедиме безбедноста, за сите граѓани, за границите, за државата, ова подобро да го каже“, рече Пендаровски.

„Ова е опасен авантуризам… 30 години сите политички групи не случајно се обидуваа да не внесат во НАТО за да добиеме документ за нашата безбедност со векови“.

Откажувањето на Преспа, ако навистина размислите, е најголемата политичка глупост и трагедија во исто време, „бидејќи ќе останеме сосема сами“, рече Пендаровски.