„Нам ни треба нов, модерен, современ устав за 21 век, за модерна македонска нација“, изјави в чера кандидатката за претседател на државата, Билјана Ванковска на среднба со граѓани на Куманово.
Како што рече „Македонскиот Устав веќе не може да се крпи, оти сега е крпеница, наликува на фустанот на Пепелашка со безброј амандмани“.
„Нов модерен устав за модерна македонска нација која ги преминала болките кои ги имала во минатото, мислам на конфликтот 2001, меѓутоа и на олигархискиот грабеж кој ѝ се случи на Македонија и фактички оваа колонијална положба во која се наоѓаме“, рече Ванковска.
Во врска со претседателската кампања, Ванковска која влера се сретна и со граѓани на скопска Автокоманда, улажа на ремнаправниот третман на политичките партии кои „стартуваат од различни позиции.
„ Додека другата страна може да троши стотици илјади евра за бини, спектакли, огномети, да носат по 200 автобуси, ние сме скромни и горди на себе, бидејќи комуницираме со обичен народ со сиромашен, а не вештачки да го прикажуваме поброен или поинаков од она што е“.
„Нема да има фер изборна кампања“, смета Ванковска.






