Измамници на граѓани на Македонија од синоќа повторно им испраќаат измамнички СМС пораки за наводна пратка од „Македонски пошти“.



Повикувачките телефонски броеви откриваат дека пораките се испратени од Виетнам и од Индија, пишува „Плусинфо“.

Линкот во СМС-пораката вообичаено води до место каде што треба да се остават лични податоци како име, презиме и број на трансакциската сметка од каде за момент измамниците ќе ви одземат пари.

Од Македонски пошти досега неколку пати се огласија дека тие не се испраќачи на наведените пораки и апелираа до граѓаните да не ги отвораат пораките за да не наседнат на измамите.