Зошто Академијата за судии го крши Изборниот законик?!

Антикорупциска го усвои приговорот на Силјановска Давкова за кршење на изборните правила. Едногласно, со 5 гласа ЗА – членовите на Државната комисија за спречување на корупција, одлучија дека Академијата со конкурсот и тестирањето на кандидатите за судии и обвинители, го прекршува законот, на начин ,со кој се отвора вратата за вработување на идни судии и обвинители со постапки, во изборен период.



  • Предлогот го ставам на гласање. Кој е ЗА? Дали има некој ПРОТИВ ? Нема. Констатирам дека одлуката е донесена едногласно со 5 гласа. Одлуката ќе биде објавена во рок од 24 часа на веб страницата. На ДКСК. Против одлуката е дозволена тужба, рече Татјана Димитровска претседателка на Државната комисија за спречување на корупцијата.

Пред одлукатата, циркус се случуваше на терен. Кавги, надвикување и навреди ја одбележаа седницата на антикорупциската комисија за соочување на аргументите на претседателскиот кандидат на ВМРО-ДПМНЕ и директорката на Академијата за судии и јавни обвинители. Силјановска-Давкова со приговор до комисијата за спречување на корупција обвини дека Академијата спротивно на изборниот законик спроведува процес на вработување на кандидати за судии и обвинители.

Од одлуката на ДКСК , не беше задоволна директорката на Академијата за судии и јавни обвинители. 

  • Баш ме интересира, бидејки гледам дека сте го промениле ставот, во однос на претходна ситуација, како ќе го образложите тоа , затоа што ,ние, не сме задоволни од вашата одлука и ќе одиме на Управен суд, рече Наташа Габер-Дамјановска директор на Академија за судии и јавни обвинители. 

Незадоволната страна има право на тужба пред Управен суд, во рок од 24 часа, по прием на одлуката. Управниот суд, пак, е должен, во рок од 48 часа да одлучи по тужбата. Академијата најави жалба пред управниот суд, кој до крајот на неделава ќе има рок да одлучи дали Академијата ќе може во време на избори да ги вработи кандидатите за судии и обвинители.