Зошто никој не ги видел знаците дека Универзална сала ќе се запали? (ВИДЕО)

Ниту една институција не реагирала на начинот на кој се вршела обновата на Универзалната сала која изгоре вчера.



Зошто никој не ги видел знаците дека Универзална сала ќе се запали е прашањето кое се наметнува откако се појави видео на кое се гледа дека огромни количини на искри кои можат лесно да запалат било каква материја практично течат од кровот кон подножјето на објектот.

Ниту една институција на Град Скопје, општина Центар или владата кои ги водат Данела Арсовска, СДСМ и ДУИ не реагирале на јасните знаци дека е можен пожар.

На потег е јавното обвинителство кое сега треба да утврди кој се е виновен за пожарот.