Власта на СДСм и ДУИ застана во заштита на лице обвинето за криминал, поточно трговија со дрога и тоа лице го постави на функција, обвинува ВМРО-ДПМНЕ
„Катастрофа. Никако поинаку не може да се нарече одлуката која ја донесоа министрите на овие две партии со која се поништува Решението на техничкиот министер за труд и социјална работа Ѓоко Велковски, за разрешување од должност на директорот на Јавната установа Центар за социјална работа – Радовиш, од 04.04.2024 година“
Од опозициската партија потсетуваат дека ова решение доаѓа по скандалот од 17 февруари оваа година, кога директорот беше фатен од полицијата во трговија со дрога.
„Токму така кадарот на СДС и Тренчевска беше фатен со дрога, а сега дури и без срам и перде е поништено решението за негово разрешување и истиот е вратен на функција.
Со кој образ Тренчевска и СДС ќе се појават во јавноста и ќе објаснат дека штитат и враќаат на функција лице кое ќе треба да се грижи за деца, загрозени категории граѓани, лица со хендикеп и слично, а истото е фатено во трговија со дрога“.
СДСМ, како што стои во соопштението од ВМРО-ДПМНЕ, го штити ВД директорот на меѓуопштински центар за социјални работи во Радовиш, кој во Штип, бил приведен од службеници од Одделот за недозволена трговија со дрога и оружје, заради тоа што кај директорот Александар Филев била најдена и одземена дрога.
„ Ако мислат дека ваквите нивни кадри ќе им помогнат во поткупи, притисоци или изборен инженеринг, тогаш се лажат. Уште повеќе ќе потонат“, се вели вио партиското соопштение.






