…прифатиле преговарачка рамка во која е внесен целиот договор со Бугарија, нивната Декларација од нивното Собрание, топтан со окупаторските протоколи.
Од критериумите од Копенхаген, кои важат за сите други земји кандидати, нема ниту трага. Само уцени, кои се веќе најавени. Немаат ниту заштита ниту гаранции дека нема да ги има. Нашата историја е на распродажба и уште прифатиле услов да се заврши со „историските прашања“ пред почетокот на преговорите“ пишува професорката Солза Грчева во колумна за „Нова Македонија.
Историски работи сѐ уште расчистуваат Германија и Полска, Франција и Германија кои одамна се членки на ЕУ потсетува Грчева и вели:
„Но кај нас шерифите работат секогаш по принципот сега или никогаш. Како на кванташки пазар кога ви велат: „Земи го ова денес за само 200 ден., утре ќе чини 250 денари“. Одиш утредента, цената двојно се намалила.
Ниту опозицијата ја вклучија во процесот, ниту искусни правници, дипломати, експерти од меѓународно право… никој.
Народот со над 70 отсто е против, од Македонците над 85 отсто, ама тие имале сон. Добро е што по 8 мај ќе имаат долго време да сонуваат. А, каде ќе го прават тоа по сите корупциски скандали и кражби, е тоа е веќе друго прашање.
За „славниот“ претходник на Димитар Ковачевски (Заев -н.з.), Грчева вели дека „нам ни продаваше визија, ни го продаде името на државата топтан со нас, а самиот купуваше што стигне.
Сето тоа, се разбира, на „балкански начин“ по препораките на тогашниот Јоханес Хан. Не попусто и американската амбасадорка г-ѓа Агелер ни плесна в очи минатата недела дека „во Македонија научила дека сѐ е можно“, дури и гласање уставни измени за време на владеењето на техничката влада.
Срам за државата што нема цврст став за вакви прашања, срам за државата што самата не си ги почитува ниту Уставот ниту законите“, пишува Грчева.






