Кандидатката за претседател на Македонија од ВМРО-ДПМНЕ Гордана Силјановска Давкова во емисијата Аргумент плус истакна дека во Рамковниот договор не случајно стои 20% и тие не се однесуваат само на албанскиот јазик.
„Во амандманот 5 на локално ниво се однесува и на останатите јазици. не случајно е одбрано 20% и тоа не е наметнат македонски предлог, тоа е од Меѓунардоната заедница. Во другите земји, тој процент е поголем. Ако е дел од Рамковниот договор, а таму не смееше ништо да се смени, иако сега е дел од Уставот. Не мислам дека ова треба да се менува и сосема е јасно дека тоа е албанскиот јазик на државно ниво и другите јазицви на локално ниво. Законот за употреба на јазиците е ужасен, неуставно донесен, со неуставни решенија, може да се направи некоја ревизија, да се посегне по друго решение и Уставот не треба да се менува“, вели Силјановска Давкова за Телевизија 24.





