Утрово изби пожар во Универзална сала во Скопје која се реконструира, јавуваат медиуми.



Од Центарот за управување со кризи потврдија за САКАМДАКАЖАМ.МК дека се запалила куполата на салата и во моментов интервенира Пожарната бригада на Град Скопје.

Универзална сала почна да се реновира пред еден месец, а новата купола беше ставена пред 10 дена.

Црн чад и голем оган се шират низ објект. Сѐ уште нема информации што е причината за пожарот.