Растат цените- Трошоците на живот зголемени за 4% за една година

Најновите податоци на Државниот завод за статистика откриваат дека на годишно ниво инфлацијата достигнува дури четири проценти.



– Индексот на трошоците на животот во март 2024 година, во однос на март 2023 година, бележи зголемување од 4 проценти, додека пак индексот на цените на мало бележи зголемување од 3,8 отсто – се наведува во соопштението на ДЗС.

Од друга страна, статистика регистрираше раст на цените и на месечно ниво. Од февруари до март годинава пораснале за речиси 1 отсо. (0.9%)
Зголемувањето на инфлацијата во март 2024 година, во однос на февруари 2024 година, е резултат на зголемувањето на трошоците на животот во повеќе категории.
Најмногу поскапување има во трошоците за транспорт за 3,1 процент, потоа храната и безалкохолни пијалаци за 1,3 отсто, разновидни стоки и услуги за 0,6 проценти.
Поскапување има и кај категориите рекреација и култура, ресторани и хотели за 0,5 отсто, облека и обувки за 0,2 проценти, алкохолни пијалаци, тутун и наркотици, домување, вода, електрика, гас и други горива, здравје и комуникации за 0,1 отсто.

– Во март 2024 година, во однос на февруари 2024 година, намалување на трошоците на животот е забележано во групата мебел, покуќнина и одржување на домаќинствата за 0,1 процент. Трошоците на животот во групата образование остануваат на исто ниво како и во претходниот месец – соопштуваат од Државниот завод за статистика.