Павловски за инцидентот во кој беше уапсен Салиу: СДСМ да не политизира апсење на провокатори на Шкендија Арачиново

Член на управата на ГФК Куманово и активист на партијата ЗНАМ на Максим Димитриевски објаснува што се случило вчера на мечот БВК Коњаре и ГФК Куманово каде се случи инцидент по што беше уапсен новинарот Фуркан Салиу.



Владимир Павловски бара да не се политизира апсењето на провокатори на Шкендија Арачиново кои според него го почнале инцидентот.

,,На денешниот натпревар на БВК Коњаре и ГФК Куманово како Претседател на ГФК Куманово бев лично присутен и се заблагодарувам на гостопримноства на домашната екипа и на комплетната организација. Огромна пофалба за ангажираноста на МВР од униформираната полиција до Интеревентната полиција и ЕБР кои беа на висина на задачата. Ги повикувам сите функционери на СДСМ кои се обидуваат да го политизираат апсењето на оние навивачи, симпатизери и провокатори од Шкендија Арачиново кои се обидоа да влезат на теренот и да се пресметаат со домашната Управа и играчи, како и со нашите играчи да се запрашаат што можеше да се случи доколку МВР не беше на висината на задачата. Едноставно бев сведок на нешто што не доликува на ЕВРОПСКА ДРЖАВА каде спортот и културата треба да се натпревар на подобриот, а не на уцени, притисок и насилство. Со еден збор СРАМ ДА ВИ Е , НА ОНИЕ КОИ СЕ ОБИДУВАТЕ ДА ПОЛИТИЗИРАТЕ И ДА НЕ КОРИСТИТЕ НАС ГРАЃАНИТЕ САМО ЗА СИТНИ ПОЛИТИЧКИ ПОЕНИ”, пишува Павловски за инцидентот.