Порталот Алмакос објавува дека осомничениот нарко бос Шеваљ Муареми кој денеска беше уапсен во Дубаи, веќе е пуштен на слобода.
Информациите беа дека тој таму бил фатен од полиција, но во станица бил задржан само два часа по што бил пуштен да си оди.
Откако бил приведен на барање на македонските власти Муареми бил ослободен затоа што властите во Дубаи не ја прифаќаат апликцијата „Скај“ врз основа на чија комуникација Македонија од властите во Дубаи барала апсење на осомничениот за нарко бизнис.
Откако ја одбиле како доказ апликацијата Скај властите во Дубаи на Шеваљ Муареми му рекле дека е слободен во Дубаи и дека може да остане таму без никаков проблем, пишува Алмакос.






