СДСМ бара ослободување на новинарот Салиу кој според МВР нападнал специјалци и имал пиштол во автомобилот

На вонредна прес конференција вечерва СДСМ побара ослободување на новинарот Фуркан Салиу кој беше уапсен откако нападнал специјалци и му бил најден пиштол во автомобилот.



,, ВМРО ДПМНЕ го врати ВМРО-МВРО на најбезобразен брутален начин со апсење на новинарот Салиу”, истакна денеска на прес-конференција пратеникот на СДСМ Дарко Каевски.

За СДСМ апсењето на Салиу кој според полициски соопштение нападнал полициски службеници и му бил најден пиштол во автомобилот на негово име, е недемократски чин на МВР.

„Го осудуваме овој недемократски чин и бараме негово ослободување. На сите им е јасно дека ова е обид за замолчување откако новинарот објави афера директно поврзана со ДПМНЕ. На чело на СВР Скопје и ЕБР се ново поставени началници од страна на Тошковски, значи началниците назначени од Тошковски и ДПМНЕ дале наредба за апсење на Салиу. Ова е загрозување на слободата и демократијата, на слободата на говорот, директен притисок врз независните новинари врз они кои истражуваат и работаат за јавниот интерес. За 7 години на власт на СДСМ, не само што нема уапсен новинар, туку Владата на СДСМ донесе законски решенија со кои се гарантираат заштитата на новинарите , а ДПМНЕ за само два месеци покажа како мисли да ја практикува власта ако ја добие со сила“, рече Дарко Каевски од СДСМ.

Целата прес конференција на Каевски

https://fb.watch/riFYL_l8_E/?mibextid=Nif5oz

Поврзани вести

МВР објави зошто е уапсен новинарот Фуркан Салиу

ВМРО-ДПМНЕ бара да се почитуваат правата на уапсениот новинар и да се расветли случајот Салиу