Во истражувањето на Ипсос, нарачано од Еуроњуз, во кое беа интервјуирани речиси 26.000 луѓе во 18 земји-членки на ЕУ, силно е изразено неодобрувањето на унгарскиот премиер Виктор Орбан: Дури 48 отсто не го одобруваат, а само 15 % се со спротивно мислење, а во Унгарија 54 проценти му даваат негативна оценка.



Но, во Бугарија, Орбан има најдобар рејтинг во целата ЕУ – тој добива 47 отсто поддршка наспроти 24 % кои не ја одобруваат неговата политика, пишува бугарски „Сега“.

Мнозинството Европејци – 79 отсто – имаат негатиовно мислење за рускиот претседател Владимир Путин, а само 10 отсто му даваат позитивна оценка.

Неодобрувањето на негоивото владеење паѓа под 60 проценти само во четири земји – Грција (59%), Унгарија (57%), Словачка (56%) и Бугарија (48%).

Бугарија одново се издвојува со највисок рејтинг за Путин во ЕУ – 37 отсто од Бугарите го сакаат.

На украинскиот претседател Володимир Зеленски, позитивно гледаат 47 отсто од Европејците и тој е најпопуларен европски лидер, пишува Еуроњуз.

Не му се допаѓаат на 325 од анкетираните, додека 21 отсто велат дека не знаат доволно за него за да судат.

За Зеленски најпозитивно мислење има во скандинавските земји и на Пиринејскиот Полуостров: 81 отсто го сакаат во Финска, 74 отсто во Шведска, 72 отсто во Данска и Португалија, 64 отсто во Шпанија.

Наспроти ова во Унгарија, 60 отсто имаат негативно мислење, потоа во Грција 57 отсто и во Бугарија 56 отсто од испитаниците изразиле неодобрување на Зеленски.