Ковачки: По 5.000 денари за пензионерите, 800 милиони евра за земјоделството (ВИДЕО)

Носителот на кандидатската листа за пратеници во ИЕ 3 од ВМРО-ДПМНЕ,  Димитар Ковачки, во Свети Николе оствари средба со пензионерите и со земјоделците, за, како што вели, да ги види категориите на граѓани кои биле отфрлени од СДСМ.



„Тука сме да ги понудиме нашите проекти, да кажеме дека по 5.000 денари линеарно ќе ја зголемиме пензијата на сите пензионери и да кажеме дека 800 милиони евра ќе вложиме во земјоделието. Тука сме да кажеме дека е дојдено времето за промени, тука сме да потврдиме дека Гордана Силјановска Давкова треба да биде идниот претседател на Република Македонија“.

Тој ги повика граѓаните на 24 април да излезат и масовно да се приклучат на промените…