„Ги повикуваме Македонците во областа Гора и цела Република Косово, на пописот на населението и домаќинствата, што почна денеска и ќе трае до 17 мај годинава, да се попишат она што од секогаш биле – Македонци, со мајчин македонски јазик“, стои во повикот нба Македонското друштво „Илиндцен“-Тирана.
Македонците во областа Гора, не се ништо друго, освен неотуѓив, нераскинлив и неотстапен дел од македонскиот народ, се вели во апелот..
“Ги осудуваме напорите на бугарските власти за притисоците врз Македонците на Косово, да се попишат како етнички Бугари.
Исто така потсетуваме дека етнички Бошњаци и Бугари во областа Гора никогаш во неговата историја немало, нема, ниту ќе има, како што ги нема ниту во Република Албанија“, наведува друштвото во повикот потпишан од претседателот Никола Ѓурѓај.






