Прегазена малолетничка во Куманово, 20-годишен удри жена во Скопје

МВР информираше дека вчера во 12.05 часот во СВР Куманово било пријавено дека на паркинг простор на ул.„Ѓорче Петров“ во Куманово, патничко возило „опел корса“ со кумановски регистарски ознаки, управувано од Т.Ж.(64) од Куманово, удрило во малолетничка-пешак од Куманово.



Во несреќата со тешки телесни повреди се здобила малолетничката, констатирани во Општа болница Куманово.

Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Куманово.

Во Скопје пак, 20-годишен возач од Скопје прегази 89-годишна жена на една скопска улица. 

Како што соопшти полицијата, вчера во 14.00 часот во СВР Скопје било пријавено дека на сервисна улица од ул.„Симеон Кавракиров“ во Скопје, која води кон паркинг простор на зграда, патничко  возило „фиат“ со скопски регистарски ознаки, управувано од В.Р.(20) од Скопје, удрило во Ц.Н.(89) од с.Блаце, скопско. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобила Ц.Н. констатирани во Градската општа болница „Св.Наум Охридски“.

Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Скопје.