Албанската опозиција не го условува составувањето на Владата со промената на Уставот, остава можност за тоа по формирањето

„Постои, или не пишан документ со кој албанските партии во земјава се обврзале да го условуваат составот на Влада со уставните измени? Според ДУИ, таков договор бил потпишан пред неколку месеци од страна на повеќе партии, дел од нив од владината коалиција, други од опозицијата. Но, од албанската опозиција велат дека таков пишан документ не постои.“ објави ТВ Алсат.



Натаму ТВ Алсат пишува: „Повеќето политички партии, коишто се сега во различни блокови, имаат потпишано документ, во којшто се обврзуваат дека нема да бидат дел од Влада без јасен договор за уставните измени. Прво ќе има договор, односно уставни измени, а потоа ќе има Влада. –  рече потпретседателот на ДУИ Бујар Османи.

Од албанската опозиција велат дека таков пишан документ не постои. Опозицискиот фронт останува на ставот дека би влегле во владина коалиција со партии, што ги поддржуваат уставните измени. Но, оттаму не истакнаа дека го условуваат составувањето на владата со промената на Уставот, со што ја оставија отворена можноста тоа да се случи по формирањето влада.

„Албанската опозициска коалиција „Вреди“ нема никаков договор со ДУИ и Али Ахмети и нема постигнато никаков договор до сега. Ние сериозно се залагаме за усвојување на уставните измени. Ова го ветивме многу пати пред граѓаните. Ќе дејствуваме различно од ДУИ, која толку години на власт не направи ништо, за да поминат овие измени. Османи со неговите изјави како да прифатил дека нема веќе да биде власт, па се обидува и другите Албанци да ги направи дел од неговата група, како ДУИ. – рече Орхан Муртезани од коалицијата „Вреди“.

Претходно, во телевизиско гостување Арбен Таравари од коалицијата „Вреди“ рече дека услов за нивно учество во владина коалиција би бил усвојување на уставните измени во првите шест месеци од мандатот.