СДСМ меѓу редови призна дека Силјановска ќе биде нова претседателка на Македонија

Во своето партиско соопштние за вчерашниот митинг на ВМРО-ДПМНЕ за кампањата за претседател на Гордана Силјановска, СДСМ меѓу редови признава дека е извесно дека професорката ќе биде нов шеф на државата.



Според соопштението на СДСМ вчерашниот митинг на кој имаше десетици илјади луѓе бил слабо посетен што партијата ,,го докажува” со слика од пред почетокот на митингот.

Во соопштението пропагандистите на СДСМ индиректно признаваат дека Силјановска ќе биде нов претседател во делот каде што зборуваат за неа како реприза на Ѓорге Иванов.

Иванов стана претседател во два наврати во 2009 и 2014 година со убедливи победи на претседателските избори.

Ако за СДСМ Силјановска е реприза на Иванов тогаш таа убедливо ќе го победи кандидатот на СДСМ Стево Пендаровски.

Целото соопштение на СДСМ:

Слабиот митинг покажува дека граѓаните не сакаат изолација, блокади и враќање назад, туку сакаат членство во ЕУ.

Малата посетеност потврди дека Силјановска ја нема поддршката од граѓаните, што беше јасно уште кога ДПМНЕ не успеа да собере доволно валидни потписи за својата кандидатка.

Граѓаните знаат дека Силјановска е само продолжена рака на ДПМНЕ, реприза на Ѓорѓе Иванов.

На граѓаните не им треба претседател кој ќе биде продолжена рака на Белата палата, партиски послушник, на граѓаните не им треба уште една катастрофа како во Скопје.

Ниту ДПМНЕ, ниту Силјановска не можат да донесат промени на подобро.

Граѓаните не сакаат изолација, туку членство во ЕУ.

Затоа, граѓаните на изборите ќе изберат европска иднина со СДСМ и Стево Пендаровски.