Човекот кој на Борисов му се обраќаше со „љубави“ го обвини ВМРО-ДПМНЕ дека била во сојуз со Бугарија (ВИДЕО)

Кандидатот за претседател на Македонија Стево Пендаровски кој на бугарскиот екс премиер Бојко Борисов јавно му се обраќаше со хубави или љубави го обвини ВМРО-ДПМНЕ дека биле во сојуз со Бугарија.



Од предизборниот митинг во Прилеп Пендаровски заборавајќи дека неговата партија СДСМ беше таа која потпиша срамен договор со Бугарија а потоа ги прифати сите максималистички барања на Софија од билатералните протоколи почна нов пропаганден наратив.

Во Прилеп во својот говор Пендаровски вели дека ВМРО-ДПМНЕ е политичкиот фактор кој се осојузил со Бугарија.

Според Пендаровски ВМРО-ДПМНЕ се солидаризирзало со напорите на Софија која ја блокирала Македонија.

Предходно Пендаровски негираше дека има бугарски позиции кои се познати како Француски предлог за потоа јавно да призна дека лично тој работел на катастрофалниот предлог кој е неприфатлив за над 80 насто од Македонците.

Овој дел од говорот каде Пендаровски го обвинува ВМРО-ДПМНЕ за шурување со Бугарија е по 18 минути и 30 секунди од видеото во линкот.

https://fb.watch/rfoAg7AYvq/?mibextid=Nif5oz