На синоќешниот митинг во Скопје лидерот на ВМРО-ДПМНЕ , Христијан Мицкоски упати прашање до Ковачевски, Ахмети и Стево Пендаровски да кажат дали нема да го бојкотираат вториот круг на претседателски избори откако Пендаровски ќе изгуби во првиот круг од кандидатката за претседател на државата, Гордана Силјановска Давкова.
„Па од тука сакам да упатам јавно прашање до Ковачевски, Али Ахмети и Стево Пендаровски доколку разликата во првиот круг помеѓу идниот претседател професорката Гордана Силјановска Давкова и поразениот Стево Пендаровски биде со шест цифри, дали тогаш Димитар Ковачевски, Али Ахмети и Стево Пендаровски ќе излезете и докрај ќе се борите за да изгубите целосно во вториот круг на претседателските избори или кукавички ќе бојкотирате“, праша Мицкоски.
Тој додаде дека граѓаните во изминативе години видоа дека СДСМ се подготвени на секакви сценарија кога знаат дека ќе загубат…





