Претседателскиот кандидат Арбен Таравари вели дека на листите за пратеници има луѓе, но и градоначалници од ДУИ, кои се на црните листи на наши пријателски земји.



„Би сакал да го прашам Бујар зошто до денес ДУИ, која е на власт 23 години, не усвои или предложи закон за ветинг и зошто предлогот за утврдување мерки за лицата кои се на црни листи, беше стопиран, а во меѓувреме имате некои членови на партии, но и луѓе на листата за пратеници на ДУИ, кои се на црните листи на држави кои ги сметаме за пријатели“, рече Таравари во синоќешната дебата во „Клик плус“ на ТВ21 со противкандидатот за претседател, Бујар Османи.

„Албанците со нетрпение ја очекуваат историската промена. 23 години власт е премногу и мислам дека една нова генерација политичари заслужува да ја води државата и да им се даде шанса. Гледам нови луѓе во нашите партиски структури кои имаат капацитети и ним треба да им се даде можноста, исто како му е дадена на господинот Османи“, рече Таравари.