Претседателот Владимир Путин во 2022 година изврши инвазија на Украина за да спречи ширење на НАТО на поранешната советска република, но поради војната Финска и Шведска ја отфрлија неутралноста и влегоа во западниот воен пакт.
Според него, НАТО е веќе вклучен во конфликтот во Украина и продолжува да се приближува и да ја шири својата воена инфраструктура сè поблиску.
Путин во повеќе наврати кажа дека западниот свет по Студената војна и распадот на Варшавскиот пакт ја измами Русија со ширењето на НАТО кон исток и приемот во членство на држави од источна Европа и трите балтички држави кои беа дел од Советскиот Сојуз.
НАТО тврди дека ѝ помага на Украина во борбата за својот опстанок и го снабдува Киев со оружје, обука и разузнавачки податоци. Русија смета дека НАТО со тоа фактички е страна во конфликтот.





