Пендаровски ќе трча за втор мандат, 2/3 од граѓаните незадоволни што сработел во првиот

Мнозинството граѓани сметаат и дека Силјановска-Давкова убедливо ќе победи на престојните претседателски избори.  



Кандидатката за претседател на државата од ВМРО-ДПМНЕ, ја има предноста и доколку во вториот круг ја продолжи трката со кандидатот на Социјал-демократите.

Пендаровски сака втор мандат, но мнозинството од граѓаните кои биле анкетирани, даваат оценка 4 на скалата од 1 до 10 за неговата досегашна работа.

Назадоволството од работата на Пендаровски се гледа и во одговорот на прашањето дали тој заслужува втор мандат – 63,3 отсто од граѓаните велат „не“, а со „да“ одговориле 22,3%.

Прочитајте повеќе: