Ништо не е тешко кога само се расфрлате со ветувања – но дали реално може да се остварат. СДСМ ветува живот како во најбогатите земји во Европа, розевите очила не сакаат да ги симнат, па уште веруваат дека направиле многу за граѓаните. Имаа седум години до сега, ама пак не исполнија речиси ништо. Да имавме избори секоја година и да се исполнуваше она што го ветуваат СДСМ можеби Македонија ќе наликуваше на Луксембург или Швајцарија – барем така личи програмата „За европска иднина“ на Димитар Ковачевски.
“Мотивирани и посветени да ги искористиме деновите кампања пред нас и пред граѓаните да ги презентираме нашите планови, идеи, конкретни проекти преку позитивна кампања која ќе ја потенцира нашата европска визија. Да покажеме дека Коалицијата за европска иднина е најдобриот избор кој ќе обезбеди европска и просперитетна иднина за Македонија – рече Ковачевски на денешната промоција на новата „Програма за европска иднина“ и кандидатите за пратеници на СДСМ и Коалицијата за европска иднина.





