Бојан Трајковски од Здружението на млади лекари вели дека младите лекари на првото работно место чекаат повеќе од една година, тоа во ситуација кога државата има недостиг од кадар.



Партиските вработувања, тешката бирократија и немањето политичка волја за вистински реформи се само дел од клучните проблеми.

„Административните проблеми кои ги имаат колегите по дипломирањето се големи. За жал, голем дел од колегите решението го наоѓаат надвор од Македонија, немајќи надеж дека тука нешто ќе се подобри, изјави Бојан Трајковски, од Здружението на млади лекари.

„Нашата вклученост во системот е еден од проблемите со кои се соочуваме и тоа не можеме да го разбереме особено поради апелите на државата и статистиката дека бројот на лекари во Македонија и во другите земји на Балканот е се’ помал и помал додека заминувањето на лекарите се зголемува.

Трајковски потенцира дека проблем е и немањето волја да се даде приоритет на здравјето.

Од Здружението на млади лекари велат дека за 10 години Македонија ја напуштиле над 2.000 лекари.