Филипче се пофали: Менаџиравме три кризи, ги решававме стратешките прашања

Носителот на листата во изборна единица 4 Венко Филипче нескромно се пофали дека ги решавал стратешките прашања во земјава и дека менаџирал за време на три кризи. Тој синоќа отвори нов изборен штаб во Прилеп. Пред неколку стотини присутни Филипче потсети на работата на Владата и кризите со кои се соочуваше државата изминатите години.



“СДСМ имаше тешки седум години владеење во исклучителен кризен период во светот и регионот. Ниедна влада не се борела со три последователни кризи. Се боревме со Ковид, па со економска криза, па на крајот и со енергетската. Згора на се, одлучно се нафативме да ги решаваме клучните стратешки прашања за земјата. Ова не е алиби за дел од грешките кои ги правевме и мора да ги исправиме во иднина, но е сериозна потврда за издржливоста и напорната работа која ја вложивме. Милиони и милиони евра директно ги вративме кај граѓантие по основ на покачени плати, финансиски олеснувања и шест пакети антикризни мерки. Сите политики на СДСМ беа насочени да може полесно заеднички сите да ги пребродиме кризите. И ова не е малку, ниту беше лесно. Заради ова, ние имаме право да побараме поддршка од граѓаните со крената глава“ – истакна Филипче пред прилепчани.